Меморандум за соработка со „ИНТЕЛЕКТ“

На ден 08.11.2010 година ( понеделник) во Општина Крива Паланка се одржа средба помеѓу Градоначалникот на Општина Крива Паланка Арсенчо Алексовски и претставници од Регионалната Ромска Мрежа од Североисточна и Источна Македонија „ИНТЕЛЕКТ“, претседателката Џулиета Мемедова и координаторот за креирање на јавни политики Ерол Адемов. На  средбата се потпиша Меморандум за соработка помеѓу Општина Крива Паланка и Регионалната Ромска Мрежа од Североисточна и Источна Македонија „ИНТЕЛЕКТ“.

 

Основната цел на меморандумот за соработка е воспоставување и развивање на соработка преку имплементација на активностите на проектот и развивање и имплементација на Општинската програма и Акционите планови од Декадата на Ромите 2011-2013 година со цел подобрување на квалитетот на живеење на Ромите во Општина Крива Паланка.

Покрај потпишувањето на Меморандумот за соработка се разговараше и за подобрување на квалитетот на живеење на Ромите од Североисточниот и Источниот регион на Македонија преку активно препознавање и вклучување на ромските заедници во процесот на креирање на јавни политики на локално, регионално и национално ниво, како и подигање на јавната свест кај ромската заедница во интерес на развојот на заедницата. Во проектот покрај Крива Паланка се вклучени и Виница, Пробиштип и Ранковце. Финансиски проектот е подржан од СПОЛУ Холандија преку ЕРГО мрежата-Брисел.

 

По потпишувањето на Меморандумот за соработка, во малата сала на Општина Крива Паланка, се одржа информативна работна средба, на која што беа поканети претставници на институциите кои функционираат во Општината.

Од страна на Марио Велковиќ  беше претставена мрежата, проектот како и стратешките документи на Р.Македонија согласно Декадата на Ромите 2005-2015 година, како и процесот и методологијата за подготовка на Општинска програма и Акциони планови за Декадата на Ромите 2005-2025 година за Општина Крива Паланака.

 

Големина на фонт
Контраст