Обука за пошумување на садници

Во насока на успешно спроведување на  престојната акција „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“,  која ќе се одржи во првата половина на месец ноември, Општината Крива Паланка во соработка со Македонски шуми организираше обука за пошумување на садници.

Обуката, во која беа вклучени ученици од основно и средно образование, опфати квалитетно пошумување,одржување и развој на садниците. Присутните ученици стекнатото искуство и знаење ќе го пренесат на своите соученици.

 

Големина на фонт
Контраст