Потпишан договорот за реконструкција на основните училишта

Вчера, Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Арсенчо Алексовски,  го потпиша договорот за имплементација на проектот „Реконструкција на основни училишта во Крива Паланка“. Проектот е аплициран во рамките на  програмата ИПА- 2007 Проект за развој на локална инфраструктура, за кој се одобрени средства во висина од 535.774 евра и истиот опфаќа:

  • Во ОУ Јоаким Крчовски (Партизан): замена на столарија, санација на кровна површина, плафони, електрични инсталации, молерофарбарски работи и греење-котлара.
  • Во ОУ Јоаким Крчовски: замена на столарија и санација на кровна површина.
  • Во ОУ Илинден:санација на подови и кровни површини, замена на столарија и фасадерски работи.
  • Во ОУ Илинден во с. Конопница:санација на подови, плафони, кров, замена на столарија, електрична инсталација, молерофарбарски и фасадерски работи и изведбана влезен хол.
Целта на проектот е создавање на услови за квалитетна настава и исполнување на стандардите и нормите пропишани за училиштата.

 

Големина на фонт
Контраст