Учениците од OОУ „Илинден“ ја посетија Општина Крива Паланка

Ученици од OОУ „Илинден“ од  I-1 одделение под водство на наставникот по одделенска настава Добри Јовевски ја посетија Општина Крива Паланка каде се запознаа со работата на градоначалникот и општинската администрација. Посетата е во рамки на планираните активности кои се во согласност со наставните содржини кои предвидуваат запознавање на учениците со работата на општината, нејзната организација и функционирање.
За време на посетата учениците се запознаа со работата и тековните активности на Градоначалникот , а потоа продолжија во обиколка на одделенијата во кои работи општинската администрација и се запознаа со нивните надлежности во остварување и испорачување на јавните услуги на граѓаните.

[embpicasa id=”6408045654913170321″]

Големина на фонт
Контраст