Градоначалникот Арсенчо Алексовски изврши увид во градежните активностите на терен

Еден од трите патни правци во општина Крива Паланка кој во моментот се гради со средства од Светска банка, од Деловодци преку м.в. Kула до црквата во село Конопница е во напредна фаза. Градоначалникот Арсенчо Алексовски изврши увид во градежните работи на терен информирајќи дека во тек се земјените работи за финализирање на трасата.
Патниот правец се работи паралелно со останатите два во општината кои се со вкупна вредност од 260.000 евра, средтсва од Светска банка обевбедени преку Министерство за финансии, со грант од ИПА програмата на Европската унија. Динамиката на градба е забрзана со оглед на подобрените временски услови. Патот е со должина од 1.100 метри, a  ќе биде изградена и атмосферска канализација. Жителите на овој реон од с.Конопница ќе добијат асфалтен пат со сите стандарди, овој дел е густо населен, а граѓаните ќе имаат подобри услови за пристап до домовите.

Во рамки на истиот проект се гради и патниот правец во село Конопница со спојот со магистралата М2 и пристапна улица Ацо Шопов –крак 1 во населба Лозаново.

Станува збор за изградба на дел од пристапната улица „Ацо Шопов“ – крак 1, со должина од 305 метри, изградба на локален пат во село Конопница кој е спој со магистралата М2 со должина од 716 метри и реконструкција на локален патен правец Крива Паланка – село Конопница, во маала Стамболици преку местото викано Кула до Црквата со должина од 1.100 метри, каде што ќе биде изградена и атмосферска канализација.

[embpicasa id=”6399859035246724673″]

Големина на фонт
Контраст