Прием на првачињата во Детската организација

ООУ Илинден и ООУ Јоаким Крчовски и  оваа учебна година ќе ја одбележат  Детската недела со свечен прием на првачињата во Детската организација.По тој повод учениците од  петто одделение  со скромна приредба ќе настапат пред првачињата на кои ќе им бидат поделени беџови и пасоши.

Прием на првачињата во детската организација традиционално се случува во текот на детската недела која се одбележува секоја година во октомври. Пристапувањето во организацијата е чин достоен за почит, затоа што станува збор за организација која ги насочува децата кон почитување и помагање на другарчињата.

Искрените пораки испратени од детските срца повикуваат на другарување, почитување, разбирање и љубов.

 
Детското срце е пупка од цвет

од која ќе расцвета новиот свет.

Ќе бидат убави и дни и ноќи

кога тој цвет ќе отвори очи.

 Не кини го ливчето од венче цветно,

не повредувај ги невините сништа!

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Арсенчо Алексовски им го честита приемот на првачињата во Детската организација.

Големина на фонт
Контраст