Во исто време ги поканува сите љубители на природата и здравата животна средина да дојдат во просториите на Клубот при Агенцијата за вработување во Крива Паланка, во петок каде што на 8-ми октомври во 10.00 часот и и официјално ќе биде основан подрачниот клуб на Денот на дрвото.
За оваа пригода ќе допатуваат маестро Борис Трајанов, Атина Бојаџи, Љубомир Гајдов и други гости кои со својот авторитет и популарност го градат имиџот на оваа благородна идеја со императивен слоган – “Засади ја својата иднина”.
Предвидено е престојот на преставниците на Денот на дрвото да се искористи за средба со градоначалникот на општина Крива Палнка, г-дин Арсенчо Алексовски, како и со преставниците на збратимените општини од Република Бугарија и Република Србија со кои Крива Паланка остварува интензивна соработка.
Подетални информации може да добиете на e-mail stole@planinarenje.org.




