Рели „Калин Камен“

Спортска манифестација Рели „КАЛИН КАМЕН“  се одржува традиционално на 24 мај во чест на сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј.  Манифестацијата има ревијален карактер и се одржува под мотото „Да ги запознаеме убавините на Осоговските Планини“.

Должината на патеката е 64 километри, 80 отсто од патеката е неасфалтиран пат, висинската разлика е 1.500 метри со највисока точка Царев Врв  (2.085 метри надморска височина). Патеката започнува на  плоштадот во Крива Паланка, поминува низ прекрасните предели на Осоговските Планини, се до манастирот Св.Јоаким Осоговски, каде се организира заеднички ручек на сите учесници.

Манифестацијата е во организација на Општина Крива Паланка и Здружението на граѓани  Авто мото клуб  „Офф Роад Осогово“.

[embpicasa id=”6017617596943558081″]

Рели „Калин Камен“
Крива Паланка
Крива Паланка Macedonia
Големина на фонт
Контраст