Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“

Општина Крива Паланка во соработка сo Центарот за култура, во рамките на своите програмски определби за промоција на потенцијали преку развој на културата, организира Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“. Фестивалот се одржува традиционално секоја година од 15 до 22 септември.

Првото фестивалско издание се одржа во 2009 година, а во изминатите години фестивалската програма постојано се збогатуваше со се поквалитетна продукција и денес можеме да се пофалиме дека кривопаланечката театарска сцена е доволно примамлива за најреномираните театарски ансамбли и звучни театарски имиња од целиот регион.

Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“ секоја година доделува награда за особен придонес во македонската театарска уметност и култура. Досегашни лауреати беа Милица Стојановска, Зафир Хаџиманов, Петар Темелковски, Шенка Колозова, Страшко Милошевски, Мето Јовановски и Јордан Плевнеш.

Публикација 5 години Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“

[embpicasa id=”6195832785508751889″]

Меѓународен театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“
Крива Паланка
Крива Паланка Macedonia (FYROM)
Големина на фонт
Контраст