Црквa Рожденство на Св.Богородица

Црквата Рожденство на Св.Богородица се претпоставува дека била грaдена кон крајот на XI век, а обновена во Милутиновото време. Возможно е по пожарот во турскиот период (во XIV век) да била повторно обновена и тоа во горните партии на ѕидовите и на куполата и да биле доградени паракилисот на југоисточниот крак на крстот и припратата на запад (тоа е во 1894 год.). Црквата има основа на слободен грчки крст. Краците на крстот се пресведени со полуобликувани сводови, а над централноит дел се издига купола со осмостран тамбур. На источната страна има плитка тристрана, високо поставена апсида. На југоисточниот крак на крстот е дограден параклис, а на запад – припрата, на чиј средишен простор се издига купола. Во 1894 год. од зографот Димитар Андонов Папардишки е изведен живописот на западната фасада, а 1932 г. тој го живописува и просторот во припратата како и композицијата Тајна вечера (во апсидата) и Распетие Христово (во нишата на проксомидијата). Иконите на малиот иконостас се дела на зографи од тајфата на Аврам Дичов. Од најстариот живопис се зачувани само фрагменти од орнаментика на северниот ѕид во олтарскиот простор.

[embpicasa id=”6250029331897129457″]

Црквa Рожденство на Св.Богородица
с.Варовиште
Крива Паланка Macedonia (FYROM)
Големина на фонт
Контраст