Врз основа на член 4 од Правилникот за утврдување на постапката за прибирање на предлог-активности во областа на спортот, распределба на финансиски средства на спортски клубови и здруженија, како и за поддршка на спортски манифестации, турнири и проекти од интерес за Општина Крива Паланка, донесен од страна на Градоначалникот на Општина Крива Паланка бр.08-6099/1 од 10.11.2025 година, и член 2 од Одлуката за објавување на нов јавен повик за прибирање на предлог-активности за поддршка и унапредување на спортот, спортските клубови и здруженија во Општина Крива Паланка за 2027 година бр. 08-5570/1 од 05.11.2026 година , општина Крива Паланка објавува
ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРEДЛОГ – ИДЕИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС ВО ОБЛАСТА НА СПОРТОТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА ЗА 2027 ГОДИНА
Цел на Јавниот повик
Општина Крива Паланка заради остварување на јавните потреби и јавниот интерес распишува Јавен повик за финансирање на предлог-идеи од јавен интерес во областа на спортот за 2027 година.
Предлог-проектите, активностите и програмите треба да се однесуваат на спортски активности кои ќе придонесат кон унапредување на спортскиот живот во Општина Крива Паланка и реализирање на програмските цели на општината во областа на спортот.
ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВЕН ПОВИК
Финансиските средства од Буџетот на Општина Крива паланка може да бидат доделени на спортски клубови, спортски здруженија ( сојузи и асоцијации), спортисти, други правни лица од областа на спортот, училишни спортски клубови и сојузи, спортски школи и граѓански здруженија чие регистрирано седиште се наоѓа на подрачјето на Општина Крива Паланка.
Апликантите треба:
– Да придонесуваат во организирање на манифестации, турнири и проекти од областа на спортот;
– Да го популаризираат масовниот спорт и опфатот на што повеќе млади во населените места;
– Да придонесуваат во создавање на услови за правилно насочување на младите и организирање на нивни слободни активности во областа на спортот;
– Да поттикнуваат постигнување на врвни резултати;
– Да придонесуваат во збогатување на спортско-рекреативниот живот во општината.
Секој апликант може да поднесе само едно барање по јавниот повик, но истото може да опфаќа реализација на повеќе активности, програми или настани поврзани со областа на спортот за која се аплицира.Апликантите кои имат финансиски долгови кон Општината, нереализирани активности или недоставени извештаи од претходно одобрени проекти немат право на учество на Јавниот повик.
НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Пријавувањето се врши со доставување на предлог-идеја (програма, проект или активност од областа на спортот) преку Архивата на Општина Крива Паланка, до Одделението за јавни дејности со назнака „Јавен повик за финансирање на предлог идеи од јавен интерес во областа на спортот во Општина Крива Паланка“.
Апликантите кои учествуват на Јавниот повик се должни да ја достават следната документација
-
Пополнета пријава/апликација (образецот ќе биде објавен на веб-страницата на Општина Крива Паланка: www.krivapalanka.gov.mk);
-
Доказ за регистрација за вршење на дејност од областа на спортот со седиште на територија на општина Крива Паланка (Тековна состојба од Централен регистар не постара од 6 (шест) месеци и копија од Решение за вршење дејност спорт, издадено од Агенција за млади и спорт – кои се водат во регистарот на Министерството за спорт и сл) ;
-
Копија од трансакциона сметка;
Во образецот/пријавата, апликантот детално ја образложува предложената активност и доставува финансиски план за реализација.
Со пријавата може да се достават и други документи и материјали кои го поддржуваат проектот, како што се: календар на активности, фотографии, програми на натпревари, препораки, потврди за членство или други релевантни докази кои ќе помогнат во евалуацијата.
Предлог-идеите што ги исполнуваат критериумите ќе станат дел од Програмата за активности на Општина Крива Паланка од областа на спортот и ќе се реализираат во текот на годината, согласно поднесената пријава и одобрените средства.
Комисијата има право да побара дополнување на пријавата, наместо автоматски да ја одбие, доколку се утврдат недоследноти или недостасува документација.
Нема да бидат разгледани пријави кои:
-
Се доставени по истекот на рокот на Јавниот повик;
-
Се доставени по електронска пошта;
-
Се рачно пополнети или нецелосно пополнети;
-
Немаат приложени задолжителни документи;
-
Се поднесени од субјекти кои претходната година добиле средства, но не доставиле извештај за реализацијата на проектот.
Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат.
Пријавите со сите потребни документи се доставуваат во затворен плик на следната адреса: Општина Крива Паланка, ул.„Св.Јоаким Осоговски“ бр.175 1330 Крива Паланка
Јавниот повик трае 7 дена од денот на објавување, односно од 05.11.2026 до 11.11.2026 година.
Општина Крива Паланка може да го поништи јавниот повик доколку:
-
-Не е пристигната ниту една пријава;
-
-Пријавите кои се пристигнати не ги исполнуваат утврдените критериуми.
Напомена: Новиот јавен повик за финасирање на предлог-идеи од јавен интерес од областа на спотрот не се однесува на апликантите кои веќе ги доставиле апликациите до Општина Крива Паланка. Нивните апликации се сметаат за уредно доставени пријави.
Општина Крива Паланка
Градоначалник
Сашко Митовски




