Мирисот на традицијата синоќа се ширеше по кејот на Крива Река, каде што во рамките на „Меѓународниот фолклорен фестивал“ се одржа традиционалната манифестација „Шпско село“- место каде афтентичните вкусови, старите занаети и ракотворбите ја раскажаа приказната за нашето културно наследство.
Во центарот на вниманието беше презентацијата на традиционалниот гулаш, подготвен на автентичен начин и според рецепти што низ годините се пренесувале од генерација на генерација.
Мирисите и вкусовите на домашната кујна, заедно со понудата на локални производи и специјалитети, создадоа амбиент што потсетува на едноставните, но вредни нешта што се дел од нашата традиција.
Посебно место имаа и вредните раце на локалните домаќинки, занаетчии и мајстори. На штандовите беа изложени ракотворби, производи од стари занаети и творби создадени со посветеност и љубов, сведоштво за умешноста и значењето што продолжува да живее и денес.
„Шопско село“ не е само приказна за вкусови-тоа е манифестација за дружење, споделување и повторно откривање на вредностите што не поврзуваатсо нашите корени.
На кејот на Крива Река, синоќа можеше да се видат, почувствуваат и пробаат традиционалните вкусови кои продолжуваме да ги негуваме и пренесуваме на младите генерации.




