Врз основа на член 14 став 1 точка 40 и точка 41 од Статутот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка бр. 08/2010, 08/2014, 02/2018, 03/2019, 08/21, 01/23, 05/23, 14/23, 05/24 и 09/24) и Законот за здруженија и фондации („Службен весник на РМ“ бр.52/10, 135/11, 55/16 и „Службен весник на РСМ“ 239/22), а согласно со Одлуката за усвојување на ЛОД Методологијата за распределба на јавни средства на ГО („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр.14/21) година на Советот на Општина Крива Паланка и Програмата на Општина Крива Паланка од областа на соработка со здруженија на граѓани и фондации за 2026 година бр.09-6047/27 од 09.12.2025 година („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр.13/25), Општина Крива Паланка, на ден 23.02.2026 година објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
за поднесување на пријави за финансиска поддршка за користење на средства од буџетот на Општина Крива Паланка за 2026 година наменети за проектни активности на здруженија и фондации со седиште во Општина Крива Паланка
Финасиските средства предвидени со Програмата на Општина Крива Паланка од областа на соработка со здруженија на граѓани и фондации за 2026 година бр.09-6047/27 од 09.12.2025 година, ќе се доделуваат на здруженија и фондации за акциски грантови од областа на:
– заштитата на животната средина
– локалниот економски развој.
Јавен повик
Образец – Предлог-проект
Образец – Буџет
План на активност и видливост
Формулар со административни податоци
Формулар со финансиски податоци
Изјава за подобност
Изјава за двојно финансирање
Листа за проверка
Насоки за подносители




