Македонски евергрини во зиведба на оперски гласови приредија „Трио Џентлмен“ со концертот „Македонска евергрин рапсодија“. Градскиот плоштад, летната сцена повторно беа преполни , а граѓаните уживаа во маестралната изведба на вечните македонски хитови.
Аплаузи, овации, емоции, ја преплавија атмосферата по настапот на професионалните оперски пејачи: Дејан Стоев – тенор, Кристијан Антовски – баритон и Јане Дунимаглоски – тенор.
Неверојатно моќното трио што звучи како еден, донесе прекрасна енергија на отворената летна сцена, со музика за душа, одушевувајќи ја публиката.
„Кривопаланечко културно лето “ 2025 продолжува со две вечери посветени на најмладите, пантомима и детски мјузикл.