Општина Крива Паланка доби сертификат за управување со квалитет ISO:9001:2015

Општина Крива Паланка со гордост информира дека денес  14.05.2025г. во просториите на овластеното сертификационо тело ИНТЕРЦЕРТ во Скопје,  Градоначалникот  Сашко Митовски  официјално го прими сертификатот за стандардот ISO 9001:2015 за Системот за управување со квалитет на општината.

Сертификатот  ISO 9001:2015 претставува потврда за заложбата на Општина Крива Паланка кон постојано унапредување на услугите, ефикасноста во работењето и задоволството на граѓаните.

Овој меѓународно признат стандард потврдува дека административните процеси и постапките во Општина Крива Паланка се усогласени со најдобрите практики и стандарди за управување со квалитет и истовремено  претставува поттик за понатамошен развој и посветена работа кон транспарентно, одговорно и ефикасно општинско управување.

Општина Крива Паланка, во рамки на воспоставениот  Систем за управување со квалитет (СУК)  согласно меѓународниот стандард  ISO 9001:2015 , продолжува активно да работи на унапредување на транспарентноста, одговорноста и отчетноста во своето секојдневно работење.

Со ова, Општина Крива Паланка се позиционира како пример за современо, ефикасно и граѓански ориентирано локално управување.

Општина Крива Паланка

 

Големина на фонт
Контраст