Според добиениот извештај од извршено тестирање на мостра на вода земена од т.н. Стојанчева чешма (Дурачка Река ) констатирано е дека водата од оваа чешма не е безбедна за пиење и користење заради зголемен вкупен број на колиформни бактерии и присуство на Escherichia coli – индикатор на фекално загадување на водата.
За да може истата да се користи потребно е да се изврши дезинфекција и кондиционирање на водата од страна на надлежен орган.
Општината Крива Паланка ќе издаде налог на Јавното комунално претпријатие за превземање на потребните мерки.
Од тие причини се известува месното население – корисници на наведената локална чешма дека е забрането понатамошно користење на водата од истата се до нормализирање на квалитетот на водата.