
Стручното жири беше воодушевено од брилијантниот настап на младите музичари, а за да успехот биде уште позначаен, за извонредните интерпретации раководителот на оркестарот се закити со диплома за најдобар аранжман.

Во оркестарот членуваат околу 45 ученици од V до VIII одд. од подрачните oсновни училишта во с.Мождивњак и с. Конопница под раководство на професорката Лариса Жулина-Митовски.




