Средба на градоначалникот со претставникот на фондацијата Мери Елен Хеилбрун

Во неколкудневна посета на Крива Паланка во моментот се преставниците на фондацијата Мери Елен Хеилбрун кои што воедно се и нејзини потомци.

Во просториите на општина Крива Паланка беше одржана средба на преставниците на оваа фондација со градоначалникот на општина Крива Паланка г-дин Арсенчо Алексовски. На средбата градоначалникот беше запознат со благотворната работа на оваа фондација и нивниот ангажман за помош во основањето на Градскиот Музеј во Крива Паланка.

На средбата градоначалникот се заблагодари на преставниците на фондацијата за срдечната помош кои што тие ја пружаат во собирањето на средства за финансирање на работите околу основањето на Градскиот музеј и истакна дека сите кривопаланчани се горди  на помошта на нашите иселеници и нивите потомци.

 

Големина на фонт
Контраст