Одбележан Денот на шегата

Највеселиот ден во годината за најмалите, 1 АПРИЛ, „Денот на шегата“ и оваа година беше одбележан од најмалите, најслатките, најсмешните и највеселите дечиња од ОЈУДГ Детелинка, ООУ Илинден и ООУ Јоаким Крчовски. Традиционално манифестацијата требаше да се одржи на плоштадот во Крива Паланка, но поради временските услови, таа беше одбележана во училиштата и детската градинка.

Шаренило од костими на принцези и принцови, арапи, бетмени и спајдери, кловнови, магионичари, пирати,  доктори, полицајци, госпоѓици … продефилираа низ училишните холови. Се беше во знакот на шегата, се кажуваа досетки и шеги, се слушаше музика, се играше и пееше, а на крајот бea избрани и најинтересната шега и маски.

Благодарност до сите ученици за учеството на овогодишната априлијадата (2012 година) и се надеваме дека догодина ќе се сретнеме повторно со нови маски, нови шеги, повесели, порадосни и понасмеани.

Повеќе фотографии во делот на фотогалерија

Големина на фонт
Контраст