Разубавување на јавните површини во градот

Во текот на викендот повеќе јавни површини во градот беа разубавени преку уметнички интервенции од типот на мали уметнички акции за уредување, бришење на навредливите графити и нивна замена со нови колоритни мурали и  слични креативни интервенции од страна на уметниците од Центарот за современи уметности – Скопје.

Оваа активност е дел од проектот „Креативни заедници” на Центарот за современи уметности (ЦСУ) – Скопје, поддржан преку Проектот на УСАИД за граѓанско учество, а се имплементира во соработка со  здружението ЦИК-ЦАК од Крива Паланка.

Целата на проектот е да се анимираат млади и талентирани локални уметници, наивци, аматери и професионалци, кои преку изразувањето на сопствениот креативен потенцијал во уметничкиот израз, би дале свој мал допринос во разубавувањето на јавните простори во средината во која живеат.