Спорт

КМФ „Осогово 2022“

ОПШТИНСКИ КЛУБ ВО МАЛ ФУДБАЛ – КМФ „ОСОГОВО 2022“

По иницијатива на Општината формиран е општински клуб во мал фидбал „Осогово 2022“ кој првиот свој настап го имаше во сезона 2022/23 и стана првак во втората македонска лига во ФУТСАЛ. Општински клуб во мал фидбал „Осогово 2022“ со ова победа оствари директен пласман во нај елитната прва македонска ФУТСАЛ лига и сега е во друштво на најдобрите во државата.

 

Фудбал за сите

СПОТРСКА МАНИФЕСТАЦИЈА „ФУДБАЛ ЗА СИТЕ“

Во месец август на Градскиот стадион во Крива Паланка Фудбалската академија „Фудбал за сите“ и „ТАКТ“ а преку Програмата за развој на спорт се приреди изненадување на околу 240 учесници на фудбалската школа. Интересот беше голем и кај девојчињата и момчињата, а уште поголем кај спортистите волонтери кои ја подржуват оваа манифестација.

 

Стипендии за спортисти

СТИПЕНДИИ ЗА УЧЕНИЦИ СПОРТИСТИ ВО ИНДИВИДУАЛНИ СПОРТОВИ И УЧЕНИЦИ СПОРТИСТИ ВО ЕКИПНИ СПОРТОВИ

Општина Крива Паланка доделува по 3000 денари стипендии на четири ученици спортисти во индивидуални спортови и по 3000 денари  стипендии на четири ученици спортисти во екипни спортови. Спортистите треба да се ученици во основните училишта во Крива Паланка и средните училишта во Република Северна Македонија и да се членови на спортски клубови регистрирани на подрачјето на Крива Паланка и регистрирани во национални спортски федерации во Република Северна Македонија.

За доделување стипендии за ученици спортисти општина Крива Паланка објавува јавен повик при што на истиот можат да се јават спортисти кои ги исполнуваат условите наведени во повикот.

 

Крос натпревар

КРОС НАТПРЕВАР ЗА УЧЕНИЦИ И УЧЕНИЧКИ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА  И СРЕДНОТО УЧИЛИШТЕ ВО КРИВА ПАЛАНКА

Овој крос кој се приредува по повод денот на Европа, 9- ти мај, е од натпреварувачки карактер и се одвива по должината на главната улица со старт од спортскиот комплекс во Крива Паланка, а целта е до градскиот плоштад и е во органицација на општина Крива Паланка, во соработка со Училишните спортски клубови  и Еurope House Крива Паланка, при што истиот е збогатен со пригоден хепенинг.

 

Општински турнир во мал фудбал

ОПШТИНСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ

Општина Крива Паланка дава голема подршка на спортот и инвестира во спортот, и затоа од 2022 година воведе и спортска манифестација „Турнир во мал фудбал“, кој традиционално секоја година по ред се одржува во спортската сала „Бранители 2001“ во период на месеците април/мај.
Ова е директна поддршка за фудбалската игра, за сплотеност и насоченост кон една спортска мисла, за полни трибини и исполнети срца за љубителите и почитувачите на фудбалот.

 

Турнир во мал фудбал

ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ ВО ЧЕСТ НА ЗАГИНАТИТЕ БРАНИТЕЛИ

Општина Крива Паланка дава голема подршка на спортот и инвестира во спортот, и затоа од 2022 година воведе и спортска манифестација „Турнир во мал фудбал“, кој традиционално секоја година по ред се одржува во спортската сала „Бранители 2001“ во период на месеците април/мај.
Ова е директна поддршка за фудбалската игра, за сплотеност и насоченост кон една спортска мисла, за полни трибини и исполнети срца за љубителите и почитувачите на фудбалот.

 

Џип рели

ЏИП РЕЛИ НИЗ „ОСОГОВСКИТЕ ПЛАНИНИ“

 

 

Поддршка и унапредување на спортот

ПОДДРШКА И УНАПРЕДУВАЊЕ НА СПОРТОТ, СПОРТСКИ КЛУБОВИ И ЗДРУЖЕНИЈА ЗА 2023 ГОДИНА

  • Кик-бокс Клуб „Патриот Спорт“
  • Карате Клуб „Шампион“ Крива Паланка
  • Извиднички одред „Наум Наумовски Борче“
  • Клуб во мал фудбал „Осогово 2022“
  • ФК Академија „Осогово 2022“
  • Пинг понг клуб „Крива Паланка 2007“
  • Пинг понг клуб „Крива Паланка“
  • Кошаркарски Клуб „Крива Паланка“
  • ЗПСК „Руен“ Крива Паланка
  • МОТО КЛУБ „ОФ РОУД ЕКСТРИМ“ Крива Паланка
  • Спортско рекреативен клуб „МРЕНА“
  • Јога Студио „Сонце“

 

Големина на фонт
Контраст