Известување за граѓаните: Буџетски форум за 2027 година – можност за учество во креирањето на општинскиот буџет

Општина Крива Паланка започнува процес на подготовка на родово одговорен буџет за 2027 година, со цел обезбедување транспарентно и правично планирање и распределба на буџетските средства, усогласени со потребите и приоритетите на локалната заедница.

Во рамки на овој процес, утре (среда, 18 ноември 2026 година), со почеток во 11:30 часот, во салата на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи форумска сесија на буџетскиот форум. Право на учество имаат сите заинтересирани граѓани и граѓанки.

Форумскиот процес има за цел да го поттикне активното учество на граѓаните во локалното одлучување и да овозможи нивните предлози, идеи и ставови да бидат земени предвид при планирањето на општинскиот буџет, со посебно внимание на различните потреби на жените и мажите во локалната заедница.

Учеството на граѓаните е важен дел од креирањето буџет што ги одразува реалните потреби и приоритети на заедницата. Затоа, ги покануваме сите заинтересирани да се приклучат на форумската сесија и активно да придонесат во креирањето на буџетот за 2027 година.

Вашето учество и предлози се важен придонес кон поодговорно, поправедно и потранспарентно управување со јавните средства.

Прилог:  Дневен ред – Б.Форум