Со цел да се овозможи што поголемо и директно вклучување на граѓаните и различните целни групи, Општина Крива Паланка и годинава вклучува повеќе инклузивни и транспарентни процедури – алатки, преку кои секој заинтересиран граѓанин може да даде свој придонес во креирањето на буџетот и тоа:
-
Релизација на буџетски форум.
Во рамките на партиципативниот процес, Општината ќе организира „Родово одговорен буџетски форум“ каде ќе се разгледуваат потребите и приоритетите на различни групи граѓани, со посебен фокус на родовата еднаквост и инклузивноста во распределбата на буџетските средства. На форумот може да земат учество сите заинтересирани граѓани, а датумот, часот и местото на одржување ќе бидат транспарентно објавени на општинската веб страница.
-
Онлајн анкета за доставување предлози.
Граѓаните можат да ги споделат своите идеи, предлози и приоритети за буџетот и по електронски пат, преку пополнување на онлајн анкетата, која ќе биде достапна на линк, на веб страната на општината и
-
Отворени денови – „Недела на идеи и предлози за буџетот 2026“
– Заинтересираните граѓани може да ги доставуваат своите предлози и идеи до 18 декември 2026 г. од 7.30 ч. До 15.30 ч. секој работен ден.
– место: Архива на општина.




