ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАБОТКА НА СТРАТЕГИЈА ЗА МЛАДИ

Општина Крива Паланка е во процес на изработка на стратегија за млади 2027-2030г.

Ги покануваме сите млади на возраст од 15-29 години, да земат активно учество и со нивните идеи и предлози да учествувате во изработка на стратегијата.

Консултативните работилници се предвидени да се реализираат на 28.10.2026г.(среда) во просториите на сала за Совет на Општина Крива Паланка, по следниот распоред и приоритетни области:

10.00 – 11.30ч.  Здравје, безбедност, инклузија

11.45 – 13.15ч.  Младински активизам

13.30 – 15.00ч. Образование, вештини и економска независност

Ве очекуваме да земете активно учество во еден од приоритетните области кои најмногу ви одговараат.