ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

Општина Крива Паланка ги известува сите граѓани на општината дека планира спроведување на соодветна постапка за присилна наплата на сите доспеани, а ненаплатени побарувања по основ на данок на имот за физички и правни лица.

Постапката за присилна наплата ќе биде спроведена во текот на месец Ноември и Декември, почнувајќи од 15.11.2026 година.

Општина Крива Паланка апелира до сите граѓани – даночни обврзници кои имаат неподмирени долгови по основ на данок на имот за тековната 2026 година, како и заостанати долгови за изминатите фискални години во најкраток временски рок да пристапат кон итно и целосно подмирување на долгот.

Во спротивно побарувањата ќе мора да бидат наплатени по пат на присилна наплата, која што постапка ќе произведе дополнителни финансиски трошоци кои ќе бидат на товар на самите даночни обврзници.

Редовното и навремено плаќање на данокот на имот претставува законска обврска, но и директен придонес на секој граѓанин во развојот на нашата општина.
Приходите од локалните даноци се значаен извор на средства за реализација на општинските програми, подобрување на комуналната инфраструктура, унапредување на јавните услуги и создавање подобри услови за живот на сите граѓани на општината.

ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА