ИЗВЕСТУВАЊЕ: ПРИВРЕМЕН ГРАНИЧЕН ПРЕМИН КАЈ С. ОГУТ ПО ПОВОД 8 СЕПТЕМВРИ

Општина Крива Паланка ги известува граѓаните дека по повод 8 Септември – Денот на независноста, на 8 септември 2026 година во с. Огут ќе се одржи традиционалниот народен собир и заедничко чествување на празникот.

По тој повод, предвидено е отворање на привремен граничен премин меѓу селата Огут, Општина Крива Паланка, Република Северна Македонија и Калово, Општина Трговиште, Република Србија.

Привремениот граничен премин ќе биде во функција на 8 септември 2026 година, во периодот од 09:00 до 23:30 часот, со овозможено пешачко движење на граѓаните преку државната граница кај граничен камен 12 во с. Огут.

Отворањето на преминот е во рамки на традиционалното заедничко чествување и овозможува средба и празнично дружење на жителите од двете страни на границата.

Општина Крива Паланка ги поканува граѓаните да бидат дел од традиционалниот народен собир и заедничкото одбележување на празникот.