Дневен ред на 12-та седница на Советот на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24) и член 65 и 67 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 12-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 31.08.2026 година (понеделник ) во 12,00 часот.

Д н е в е н р е д:
Усвојување на записник од 10 и 11-та седница

1. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за работа на ООУ „Свети Јоаким Крчовски“– Крива Паланка за 2025/2026 година;
2. Предлог – Одлука за усвојување на Програма за работа на ООУ „ Свети Јоаким Крчовски“ – Крива Паланка за 2026/2027 година;
3. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за работа на ООУ „Илинден “– Крива Паланка за 2025/2026 година;
4. Предлог – Одлука за усвојување на Програма за работа на ООУ „Илинден“ – Крива Паланка за 2026/2027 година;
5. Предлог – Одлука за усвојување на Извештај за работа на ОУЈДГ „Детелинка“ – Крива Паланка за 2025/2026 година;
6. Предлог – Одлука за усвојување на Програма за работа на ОУЈДГ „Детелинка“ – Крива Паланка за 2026/2027 година;
7. Предлог –Одлука за давање согласност на Одлуката за намален број на деца на ОЈУДГ „Детелинка“ Крива Паланка;
8. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за зголемен број на деца на ОЈУДГ „Детелинка“ Крива Паланка;
9. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за запишување на деца од 6-10 годишна возраст во ОЈУДГ „Детелинка“ Крива Паланка;
10. Предлог-Одлука за утврдување на работно време на ОЈУДГ „Детелинка“ Крива Паланка;
11. Предлог-Одлука за давање согласност на Правилникот за составот и начинот на работата на Комисијата за прием на деца и утврдување на критериумот за прием на деца во ОЈУДГ Детелинка -Крива Паланка
12. Предлог-Прогрма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Крива Паланка од областа на образование за 2026 година
13. Предлог-Одлука за субвенциониран превоз на студенти за студиската 2026/2027 кои студират на државните универзитети во Скопје, а се жители на Општина Крива Паланка
14. Предлог-Одука за преотстапување на право на трајно користење на дидактичка опрема без надоместок на ОЈУДГ „Детелинка“ – Крива Паланка
15. Предлог-Одлука за формирање на паралелки со помал број на ученици за учебната 2026/2027 година за ООУ „Илинден“ и ООУ „Св.Јоаким Крчовски“ Крива Паланка
16. Предлог-Одлука за давање на согласност за трансфер на средства на Фудбалски клуб „Академија Осогово 2022“ Крива Паланка за учество во Третата македонска фудбалска лига
17. Предлог-Одлука за субвенционирање на трошоци за исхрана на учениците во прво одделение во основните училишта во Општина Крива Паланка во учебната 2026/2027 година
18. Предлог-Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Крива Паланка К1, К2 и К3 за II Квартал за 2026 година
19. Предлог-Одлука за давање соглсност на измената на годишниот план за вработување за 2026 година на ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
20. Предлог-Одлука за давање согласност на годишниот план за вработување за 2027 година на Општина Крива Паланка

21. Предлог-Одлука за давање согласност на годишниот план за ваработување за 2027 година на ЛУ Градски Музеј Крива Паланка
22. Предлог -Одлука за давање согласност на Ценовникот за влезни билети и дополнителни услуги во ЛУ Градски Музеј
23. Предлог-Одлука за именување Командант, Началник и членови на Штабот за заштита и спасување на Општина Крива Паланка
24. Предлог-Решение за формирање на Комисија за процена и утврдување на висината на штета настаната од природни непогоди и други несреќи на територијата на Општина Крива Паланка
25. Предлог –Одлука за исправка на техничка грешка во Одлуката за утврдување на Нацрт верзија за Детален Урбанистички план за дел од блок C-01 КО Крива Паланка Општина Крива Паланка со плански период од 2024-2029
26. Предлог-Одлука за прифаќање на иницијатива за потпишување на Заедничка декларација за поддршка за трајно отварање на граничниот премин Трговиште – Огут
27. Предлог-Одлука за за формирање на работно тело на Општина Крива Паланка за координација на активностите поврзани со иницијативата за трајно отварање на граничниот премин Трговиште – Огут
28. Нацрт- Статут на Општина Крива Паланка

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Миле Трајковски с.р