С О О П Ш Т Е Н И Е
до граѓаните на Општина Крива Паланка
И З Б О Р И
ЗА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТ НА МЕСНИ ЗАЕДНИЦИ
Врз основа на член 84 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), член 89 став (2) од Статутот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр.8/10, 12/10, 8/14, 2/18, 3/19, 8/21, 01/23, 05/23, 14/23 05/24 и 09/24) и Правилата за работа на облиците на месната самоуправа на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ број 09/10 и 02/18), Градоначалникот на Општина Крива Паланка свикува Собири на граѓани. На собирите ќе се изврши избор на членови на Совет на месните заедници.
Изборите за членови на Советите на урбаните и месните заедници на подрачјето на Општина Крива Паланка ќе се спроведат во периодот од 16.03.2026 до 15.09.2026 година.
Распоредот на одржување на Собирите на граѓани ќе се утврдува и објавува согласно член 17 став (4) и став (5) од Правилата за работа на облиците на месната самоуправа на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ број 09/10 и 02/18).
Општина Крива Паланка Ве поканува да присуствувате на Собирот на граѓани во Вашата месна заедница, по следниот редослед:
| Реден број | Месна заедница | Локација | Датум | Час |
| 1 | Крстов Дол | М.Масларци, с.Крстов Дол | 05.08.2026 | 13:00 |
| 2 | Мала Црцорија | м.Ширина, с.М.Црцорија | 05.08.2026 | 14:00 |
| 3 | Дубровница | Училиште, с.Дубровница | 06.08.2026 | 13:00 |
| 4 | Подржи Коњ | Средна Мала, с.П.Коњ | 06.08.2026 | 14:00 |
| 5 | Голема Црцорија | м.Слатиње, с.Г.Црцорија | 07.08.2026 | 13.00 |
| 6 | Луке | трпезарија на гро, с.Луке | 07.08.2026 | 14:30 |
| 7 | Борово | г.училиште, с.Мождивњак | 11.08.2026 | 12:00 |
| 8 | Осиче | Училиште, с.Осиче | 11.08.2026 | 14:00 |
| 9 | Костур | sobori{te, s.Kostur | 12.08.2026 | 12:00 |
| 10 | Жидилово | Uчiliшte, s.Жидилово | 12.08.2026 | 14:00 |
| 11 | Метежево | М.Николинци,с.Метежево | 13.08.2026 | 12:00 |
| 12 | Габар | Училиште, с.Габар | 13.08.2026 | 13:30 |
| 13 | Огут | Училиште, с.Огут | 14.08.2026 | 12:00 |
| 14 | Нерав | Училиште, с.Нерав | 14.08.2026 | 14:00 |
| 15 | Лозаново | Г.станица, с.Лозаново | 18.08.2026 | 13:00 |
| 16 | Градец | М.Ливади, с.Градец | 18.08.2026 | 14.30 |
| 17 | БС | м.Чешма, с.БС | 19.08.2026 | 13:00 |
| 18 | Станци | Училиште, с.Станци | 21.08.2026 | 13:00 |
| 19 | Дурачка Река | Училиште, с.Д.Река | 21.08.2026 | 14:30 |
| 20 | Дренак | Училиште, с.Дренак | 22.08.2026 | 12:00 |
| 21 | Длабочица и Баштево | Училиште, с.Мождивњак | 22.08.2026 | 15:00 |
| 22 | Мождивњак | трп.на цркв,с.Мождивњак | 22.08.2026 | 17:00 |
| 23 | Конопница | Училиште, с.Конопница | 22.08.2026 | 19:00 |
Во урбаните заедници во градот, собирите на граѓани ќе се закажуваат и објавуваат тековно согласно член 17 став (4) и став (5) од Правилата за работа на облиците на месната самоуправа на Општина Крива Паланка „Службен гласник на Општина Крива Паланка“ број 09/10 и 02/18).
НАПОМЕНА: Секој граѓанин е должен на Собирот на граѓани да поседува документ за лична идентификација.
Општина Крива Паланка
Градоначалник
Сашко Митовски





