Општина Крива Паланка ја информира јавноста дека во текот на синоќешните доцни вечерни часови, па сѐ до раните утрински часови, од страна на овластената фирма „ТРУЛИ НОЛЕН НМ“ ДООЕЛ, Скопје беше спроведена терестичка адултицидна дезинсекција на територијата на општината.
Со оваа активност беа опфатени сите населби, спортскиот комплекс, речното корито, градскиот парк и сите останати зелени површини, со цел намалување на присуството на комарци и други инсекти и обезбедување поздрава и поквалитетна животна средина за граѓаните.
Воедно, Ве информираме дека во текот на наредната недела се вршат подготовките за спроведување на аеросолна дезинсекција, која ќе претставува дополнителна мерка во борбата против инсектите.
Општина Крива Паланка континуирано и успешно ја реализира Програмата за превентивна дезинсекција и дератизација за 2026 година, со што се обезбедува навремена заштита на јавното здравје и подобрување на условите за живот на сите жители.




