Дневен ред на 9-та седница на Советот на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24) и член 65 и 67 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 9-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 28.05.2026 година (четврток ) во 13,00 часот.

Д н е в е н р е д:

1. Предлог – Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Крива Паланка К1 , К2 и К3 за I Квартал за 2026 година;
2. Предлог-Одлука за усвојување на измени и дополнувања на Програма за работа на ЛУ „Градски музеј „ Крива Паланка за 2026 година
3. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2026 година
4. Предлог- Развојна Пограма ЛAA за „Уредување на делови од спортски комплекс – трибини кај фудбалско игралиште“ за периодот 2025-2026 година
5. Предлог-Одлука за доделување на месечна субвенција на секој ученик кој ке се запише во прва година во СОУ „Ѓорче Петров“ Крива Паланка во учебната 2026/2027 година ;
6. Предлог-Одлука за давање согласност на годишниот план за вработување за 2027 година на СОУ Ѓорче Петров Крива Паланка ;
7. Предлог-Одлука за давање согласност на годишниот план за вработување за 2027 година на ООУ Св.Јоаким Крчовски Крива Паланка ;
8. Предлог-Одлука за давање согласност на измената на годишниот план за вработување за 2026 година на Општина Крива Паланка
9. Предлог-Одлука за давање на согласност за трансфер на средства на Здружение МОТО КЛУБ ОФФ РОУД ЕКСТРИМ Крива Паланка за реализација на активности предвидени со Програмата за активностите на Општина Крива Паланка од областа на спорт за 2026 година
10. Предлог Одлука за давање на согласност за трансфер на средства Фондација „Со срце за Крива Паланка“ за реализација на активности предвидени со Програмата за активностите на Општина Крива Паланка во областа на културата и културните манифестации за 2026 година
11. Предлог-Одлука за давање на согласност за издавање под закуп на недвижен имот – земјиште и базен во сопственост на Општина Крива Паланка со електронско јавно наддавање
12. Предлог-Одлука за за давање на согласност за отпис на основни средства врз основа на извршен попис во СОУ “Ѓорче Петров” Крива Паланка за 2025 година
13. Предлог-Одлука за отстапување на Е-Отпад на општина Крива Паланкана ЕЛКОЛЕКТ ДОО Скопје
14. Предлог – Одлука за искнижување од деловните книги на расходувана електронска, сметачка и друга опрема, канцелариски намештај и друга опрема, ПП опрема и ПП апарати и останата неспомната опрема;
15. Предлог-Одлука за давање согласност на Извештај за рабата на ЈП „Комуналец’ – Крива Паланка за 2025 година;
16. Предлог-Одлука за усвојување на финансиски извештај за работа на ЈП Комуналец Крива Паланка за I–от квартал за периодот од 01.01.2026 година до 31.03.2026 година ;
17. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за подигање и одржување на урбано зеленило во Крива паланка за 2026 година
18. Предлог-Програма за за изменување и дополнување на Програмата за одржување на јавна чистота во Крива Паланка за 2026 година
19. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за утврдување на цените за користење на спортските објекти
20. Предлог-Решение за именување на членови на Општинскиот совет за превенција на детско претстапништво во Општина Крива Паланка
21. Предлог-Одлука за формирање на Тело за имплементација на ЛЕАП на Општина Крива Паланка (2025-2030)
22. Предлог-Одлука за за прифаќање на иницијативата за доделување на финансиски сретства -нагарада на КК Крива Паланка
23. Предлог-Одлука за доделување финансиски средства на Кошаркарски клуб „КРИВА ПАЛАНКА“ за остварен спортски успех во Прва лига сезона 2025/2026;
24. Советнички Прашања

СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Миле Трајковски , с.р

Големина на фонт
Контраст