Известување за целосен прекин на одвивањето на сообраќајот на дел од улица Св. Јоаким Осоговски од 05.05.2026 (вторник) до 07.05.2026 (четврток)

Општина Крива Паланка ги известува граѓаните дека во периодот од 05.05.2026 (вторник) до 07.05.2026 (четврток) ќе се изведуваат градежни активности на централната градска улица, на потегот од населба „Единство“ до станицата за технички преглед. Во овој временски интервал ќе се врши поставување на завршен асфалтен слој, поради што сообраќајот на наведениот дел ќе биде во целосен прекин.

Оваа мерка се презема со цел да се обезбеди квалитетна и трајна изведба на асфалтирањето, како и да се спречат евентуални оштетувања и несакани последици во текот на изведбата на работите. Се апелира до граѓаните да користат алтернативни сообраќајни правци и да избегнуваат движење на овој потег, со што ќе се овозможи побрзо и поефикасно завршување на активностите.

Воедно, упатуваме искрена благодарност до сите граѓани за трпението, разбирањето и соработката во овој период, во интерес на заедничко создавање на поквалитетна и побезбедна сообраќајна инфраструктура.

Општина Крива Паланка

Големина на фонт
Контраст