Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002 год. и„Службен весник на РСМ“ 202/24) и член 65 и 67 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 8-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 24.04.2026 година (петок ) во 12,00 часот.
Д н е в е н р е д:
Усвојување на записниците од 6-та и 7-ма седница на совет
1. Предлог-Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2026 година;
2. Предлог-Одлука за домашно долгорочно задолжување на Општина Крива Паланка со цел обезбедување на финансиски средства за финансирање на обврски за капитални проекти;
3. Предлог-Одлука за домашно долгорочно задолжување на Општина Крива Паланка со цел обезбедување на финансиски средства за финансирање на набавка на механизација;
4. Предлог-Одлука за Субвенционирање на Јавното Претпријатие за дистрибуција на природен гас и енргетски дејности „Калин Камен“ Општина Крива Паланка
5. Предлог-Одлука за измена и дополна на Одлуката за кофинансирање на проект „Реконструкција на дел од ул. Св.Јоаким Осоговски делница од дол Единство до спој со државен пат А1 со изградба на атмосферска канализација“, Општина Крива Паланка;
6. Предлог-Програма за измена и дополнување на Развојна Пограма JDV за „Реконструкција на дел од ул.Св.Јоаким Осоговски делница од дол Единство до спој со државен пат А1 со изградба на атмосферска канализација“ за периодот 2025-2027 година;
7. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Крива Паланка за стручно усовршување и тим билдинг на вработените и советниците за 2026 година ;
8. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Крива Паланка во областа на културата и културните манифестации за 2026 година;
9. Предлог – Одлука за делегирање на надлежност за реализација на настанот„Кривопаланечко културно лето“ 2026 година на ЛУ Градски музеј – Крива Паланка;
10. Предлог – Одлука за одобрување на финансиски средства на Општинска организација Црвен Крст-Крива Паланка за реализација на програмска активност „Доделување на ваучер за купување на гардероба за деца и лица згрижени во згрижувачки семејства и корисници на услугата на Дневен центар за лица со интелектуална и телесна попреченост евидентирани во ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работа-Крива Паланка“;
11. Предлог-Решение за именување на членови на Општинскиот совет за превенција на детско претстапништво во Општина Крива Паланка;
12. Предлог-Одлука за давање согласност на одлуката за издавање на простор под закуп за поставување на автомат за кондиторски производи и автомат за топли напитоци во средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка за учебна година ;
13. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за определување на цената на работна рака за изработка на приклучок на улична водоводна и канализациона мрежа на стамбени ,стамбени -деловни (А2) ,стопански ,индустриски и други објекти со која стопанисува ЈП Комуналец Крива Паланка;
14. Предлог-Одлука за давање право на користење недвижна ствар без надомест;
15. Предлог-Одлука за за неизбор на член на надзорен одбор на ЈП Комуналец Крива Паланка.
СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Миле Трајковски , с.р




