Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа (службен весник на РМ бр. 5/02), член 23 од Статутот на општина Крива Паланка (службен гласник на општина Крива Паланка бр. 8/10, 8/14, 2/18 и 3/19), чл.51 од Законот за јавни патишта (службен весник на РМ бр. 84/08 и измените на истиот заклучно со 163/16), чл. 11 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (Службен весник на РМ бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18 и Сл.весник на РСМ 98/19, 98/19, 302/20, 122/21, 33/24 и 208/24 ), Градоначалникот на Општина Крива Паланка, донесе
Образложение:
На горенаведениот дел (спој на КП 3148 и КП 4637 (кај железара Наоми) ќе се изведуваат градежни работи од страна на ЈП Комуналец-Крива Паланка за санација на значително оштетена метална решетка и странични бетонски зидови врз основа на Договор со Општина Крива Паланка.
Се молат граѓаните да имаат разбирање за настанатата ситуација и да ја почитуваат забраната и да не ја одстрануваат или поместуваат поставената сообраќајна сигнализација од страна на Изведувачот на работите за ограничување на движењето.
За горедонесеното решение ќе бидат известени Министерството за внатрешни работи, како и граѓаните преку средствата за јавно информирање.
Ограничувањето на движењето ќе трае се до завршување на градежните работи.
Општина Крива Паланка
Градоначалник
Сашко Митовски