Известување за привремена забрана за одвивање на сообраќајот на дел од ширината на една коловозна лента на ул.„Св.Јоаким Осоговски“ на граница со КП 2975/1 (Стара Чаршија), почнувајки од 04.03.2026 год., од безбедносни причини

Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа (службен весник на РМ бр. 5/02), член 23 од Статутот на општина Крива Паланка  (службен гласник на општина Крива Паланка бр. 8/10, 8/14, 2/18 и 3/19), чл.51 од Законот за јавни патишта (службен весник на РМ бр. 84/08 и измените на истиот заклучно со 163/16), чл. 11 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (Службен весник на РМ бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18 и Сл.весник на РСМ 98/19, 98/19, 302/20, 122/21, 33/24 и 208/24 ), Градоначалникот на Општина Крива Паланка, донесе

Р Е Ш Е Н И Е
За привремена забрана за одвивање на сообраќајот  на дел од ширината на една коловозна лента на ул.„Св.Јоаким Осоговски“ на граница со КП 2975/1 (Стара Чаршија), почнувајки од 04.03.2026 год., од безбедносни причини

Образложение:

Поради опасност од паѓање на одредени оштетени делови од кровна конструкција, фасада  и балкон од стар индивидуален станбен објект кој се наоѓа на КП 2975/1 КО Крива Паланка на самиот тротоар и дел од едната коловозна лента, неопходно е ограничување на движењето од безбедносни причини.

Се молат граѓаните да имаат разбирање за настанатата ситуација и да ја почитуваат забраната и да не ја одстрануваат или поместуваат поставената сообраќајна сигнализација за ограничување на движењето.

За горедонесеното решение ќе бидат известени Министерството за внатрешни работи, како и граѓаните преку средствата за јавно информирање.

Ограничувањето на движењето ќе трае се до одстранување на опасноста за безбедно одвивање на сообраќајот.

Општина Крива Паланка
       Градоначалник
                                                                               Сашко Митовски