Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на РМ“ бр.5/2002 год. и„Службен весник на РСМ“ 202/24) и член 65 и 67 од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 7-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 13.03.2026 година (петок ) во 12,00 часот.
Д н е в е н р е д:
- Предлог-Одлука за усвојување на извештај за работа на ЛУ Градски Музеј Крива Паланка за 2025 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Годишен финансиски извештај за работа на ЛУ „Градски Музеј“ – Крива Паланка за 2025 година;
- Предлог – Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на ЛУ Градски музеј – Крива Паланка за 2025 година;
- Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на Општинска јавна установа за деца – Детска градинка „Детелинка“ Крива Паланка за 2025 година;
- Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на Основното училиште „Илинден“ Крива Паланка за 2025 година;
- Предлог-Одлука за усвојување на Завршна сметка на Основното училиште „Св.Јоаким Крчовски“ Крива Паланка за 2025 година;
- Предлог-Одлука за усвојување на Завршна сметка на Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ Крива Паланка за 2025 година;
- Предлог – Одлука за усвојување на Завршна сметка на Општинскиот ученички дом „Боро Менков“ Крива Паланка за 2025 година;
- Предлог-Одлука за давање согласност на финансиски извештај за IV квартал за финансиско работење на ЈП Комуналец Крива Паланка ;
- Предлог-Одлука за давање согласност на финансиски план на ЈП Комуналец Крива Паланка за 2026 година
- Предлог – Одлука за давање согласност на Завршна сметка на ЈП „Комуналец“ Крива Паланка за 2025 година;
- Предлог-Одлука за давање согласност на Програмата за работа на ЈП Комуналец за 2026 година;
- Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на надоместок за остранување на изумрени животни
- Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за определување на цената на работна рака за изработка на приклучок на улична водоводна и канализациона мрежа со која стопанисува ЈП Комуналец Крива Паланка
- Предлог-Одлука за давање согласност на Извештај по програма на ЈП Калин Камен –Крива Паланка за 2025 година ;
- Предлог – Одлука за давање согласност на Завршна сметка на ЈП „Калин Камен “ Крива Паланка за 2025 година ;
- Предлог – Одлука задавање согласност на Програмата за работа на ЈП Калин Камен Крива Паланка за 2026 година
- Предлог-Одлука за давање согласност за завршната сметка на фондацијата „Со срце за Крива Паланка „Крива Паланка за 2025 година ;
- Предлог-Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Крива Паланка К1 , К2 и К3 за IV квартал за 2025 година;
- Предлог- Одлука за усвојување на Завршна сметка на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2025 година;
- Предлог -Одлука за измена на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Крива Паланка за 2026 година
- Предлог- Одлука за доделување на Признание за најуспешен просветен работник во одделенска настава и Признание за најуспешен просветен работник во предметна настава во основно и средно образование на територијата на Општина Крива Паланка за учебната 2025/2026 година
- Предлог – Програма за превентивна дезинсекција и дератизација воОпштина Крива Паланка за 2026 година
- Предлог-Одлука за за распишување на Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член во Надзорен одбор за контрола на матријално-финансиско работење на Јавното претпријатие за комунални услуги „КОМУНАЛЕЦ“ ц.о. Крива Паланка.
- Предлог-Решение за формирање Комисија за заштита на пациентите на Општина Крива Паланка
СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Претседател,
Миле Трајковски , с.р




