Врз основа на член 62 и член 10 од Законот за урбанистичко планирање („Сл.весник на РСМ“ бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25 и 101/25) и член 23 од Статутот на општината Крива Паланка („Сл.гласник на општината Крива Паланка“ бр. 08/10, 08/14, 02/18, 03/19, 08/21, 01/23 и 05/23) градоначалникот на Oпштина Крива Паланка го дава следното
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на јавен увид на изработен Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за градба со намена А4.3-викенд куќа на КП607/1 м.в. „Петрова Нива“, КО Варовиште,Општина Крива Паланка
Изработката на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за градба со намена А4.3-викенд куќа на КП607/1 м.в. „Петрова Нива“, КО Варовиште,Општина Крива Паланка.
Проектниот опфат кој е предмет на уредување со Урбанистички проект, целосно ја опфаќа КП607/1 КО Варовиште Општина Крива Паланка.
Површината на опфатот изнесува 2.005,05 м², односно 0,2ха.
Опфатот на Урбанистичкиот проект е дефиниран во следните граници:
• на север границата започнува од најсеверната точка 1, на меѓата помеѓу КП 611/12, КП 607/2 и КП 607/1 КО Варовиште и се движи во југоисточен правец долж границата на КП 607/2 и 611/12 КО Варовиште, сѐ до најисточната точка 2;
• на исток границата се движи во југозападен правец долж границата на КП 607/1 со границите на КП 610/1 и 608 КО Варовиште сѐ до најјужната точка 7;
• на југ границата се движи во северозападен правец долж границата на КП 607/1 и КП 735/1 КО Варовиште сѐ до најзападната точка 10;
• на запад границата се движи во североисточен правец долж границата на КП 607/1 со КП 607/2 КО Варовиште, сѐ до почетната точка 1.
Проектна документација се изработува по прифатена иницијатива од физички лица за изработка на урбанистичка документација од страна на Комисијата за урбанизам на Општина Крива Паланка.
Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за градба со намена А4.3-викенд куќа на КП607/1 м.в. „Петрова Нива“, КО Варовиште,Општина Крива Паланка ќе се спроведе со објава на урбанистичкиот проект на официјана службена веб страна на Општина Крива Паланка: www.krivapalanka.gov.mk
Јавната анкета ќе трае 15 дена од денот на објавувањето на Соопштението, започнуваќи од 27.02.2026 година заклучно до 16.03.2026 година.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со проектот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Пристигнатите забелешки ги разгледува Комисијата за урбанизам во Општина Крива Паланка која составува записник со образложение за прифаќање и неприфаќање на забелешките, што се објавува на службена веб страна и му се испраќа на изработувачот на урабанистичкиот проект за да ги вгради во планско-проектната документација.
Општина Крива Паланка
Градоначалник
Сашко Митовски




