Дневен ред на 5-та седница на Советот на Општина Крива Паланка

Врз основа на член 39, точка 1 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.05/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24) и член 65 и 67  од Деловникот на Советот на Општина Крива Паланка, Ве известуваме дека 5-та седница на Советот на Општина Крива Паланка ќе се одржи на 30.01.2026 година (петок)  во 12,00 часот.

ДНЕВЕН РЕД

  1. Информација за преземени мерки и активности во текот на 2025 година на ПС ОН Крива Паланка
  2. Предлог-Одлука за за доделување на еднократна парична помош на семејства со прваче во учебната 2026/2027 година на територијата на Општина Крива Паланка
  3. Предлог- Одлука за за доделување на еднократна парична помош на матуранти запишани во СОУ „Ѓорче Петров“ Крива Паланка во учебната 2025/2026 година
  4. Предлог- Одлука за давање на согласност за трансфер на средства на НУ Центар за култура за реализација на активности предвидени со Програмата за активностите на Општина Крива Паланка во областа на културата и културните манифестации за 2026 година
  5. Предлог-Одлука за за давање на согласност за трансфер на средства на Фондација „Со срце за Крива Паланка“ – Крива Паланка  за реализација наактивности предвидени со Програмата за активностите на Општина Крива Паланка во областа на културата и културните манифестации за 2026 година
  6. Предлог-Одлука за субвенционирање на Фондација „Со срце за Крива Паланка“за 2026 година
  7. Предлог-Одлука за  давање на согласност за трансфер на средства на „Општински училишен спорт“ за реализација на активности предвидени со Програмата за активностите на Општина Крива Паланка од областа на спорт за 2026 година
  8. Предлог-Одлука за доделување на финансиска помош за жртва на семејно и родово базирано насилство
  9. Предлог- за давање согласност на предлог-планот за запишување ученици во прва година во Средното општинско училиште „Ѓорче Петров“ од Крива Паланка за учебната 2026/2027 година
  10. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлука за утврдување на услови за приклучување  на водоводна и канализациона мрежа  од времен карактер
  11. Предлог –Одлука за усвојување на  Извештај  за  слободен пристап на информации од јавен карактер  за 2025 година – Крива Паланка;
  12. Предлог-Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти во Општина Крива Паланка за 2026 година ;
  13. Предлог-Решение за за разрешување  на вршител на должност член на Надзорен одбор за контрола на матријално-финансиско работење на Јавното претпријатие за комунални услуги „КОМУНАЛЕЦ“ ц.о. Крива Паланка
  14. Предлог-Решение за разрешување на вршители на должност  членови  на  Управен одбор на  ЈП „КАЛИН КАМЕН“ – Крива Паланка.
  15. Предлог-Решение за Решение за формирање на Комисија за селекција  за избор на членови на Управниот одбор на Јавното претпријатие за дистрибуција на природен гас и енергетски дејности “КАЛИН КАМЕН“ Крива Паланка
  16. Предлог-Одлука за Одлука за распишување на Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во Управен одбор на Јавното претпријатие за дистрибуција на природен гас и енергетски дејности “КАЛИН КАМЕН“ Крива Паланка
  17. Предлог-Програма за работа на Советот на Општина Крива Паланка за 2026 година;
  18. Предлог – Одлука за утврдување за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените за к.п.бр.1124/2 во КО Узем, Општина Крива Паланка.

   СОВЕТ НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
                                                                                                                    Претседател,
                                                                                                         Миле Трајковски  , с.р.

Големина на фонт
Контраст