ЈАВЕН ПОВИК ДО ВЕРНИЦИТЕ ЗА УЧЕСТВО НА БОГОЈАВЛЕНИЕ – ВОДИЦИ

Почитувани православни христијани, сограѓани и верници,

Имаме особена чест и задоволство да ве поканиме на традиционалното одбележување на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Крива Паланка.

Како и секоја година, централен настан ќе биде чинот на осветување и положувањето на чесниот и светол крст во водите на Крива Река, на локација кај Шанин мост, во понеделник, 19 јануари, со почеток во 10:00 часот.

Ги повикуваме сите храбри верници кои сакаат да бидат дел од овој свет чин и да влезат во водите на Крива Река, да го пријават своето учество во Градската црква „Св. Великомаченик Димитриј“ кај Кривопаланечкото архиерејско намесништво, секој работен ден од 07:00 до 14:00 часот.

Секој пријавен учесник треба да е полнолетен и е должен да потврди дека е во добра здравствена состојба, односно да има обезбедено медицинска потврда од матичен лекар.

Утринската празнична литургија во црквата Св. Димитриј ќе започне во 08:00 часот, а  литијата од пред храмот ќе тргне во 09:45 часот и ќе заврши на кејот на Крива Река (кај Шанин мост) а во 10:00 ч. ќе се изврши осветувањето и фрлањето на светиот крст.

По завршување на црковните свечености, на Градскиот плоштад од 10:30 часот ќе се одржи манифестацијата „Пивтијада“– 2026 година.

Организатори на настанот се Општина Крива Паланка, Фондацијата „Со срце за Крива Паланка“ и МПЦ-ОА, Кривопаланечко архиерејско намесништво.

Да ја продолжиме традицијата, да ја споделиме радоста и да го примиме божјиот благослов.

Бог се јави! Навистина се јави!

Големина на фонт
Контраст