Известување до граѓаните за задолжителни  обврски  во состојба на зимски услови

Со цел поквалитетно  чистење на снегот и ледот од коловозните и тротоарските површини, општинските надлежни служби ги известуваат граѓаните да ги отстранат паркираните  патнички и товарни  возила  од коловозните површини на улиците, односно да не ги  паркираат возила  на улиците  особено  кога има најави за врнежи на снег,  а посебно кога врне снег .

Посебно се известуваат граѓаните   да не ги паркираат патничките и товарните возила на тротоарските површини на главната улица Св. ,,Јоаким  Осоговски,,  за да можат задолжените работници за зимско одржување на тротоарите  навремено, целосно и непречено да ги чистат .

Вооедно се потсетуваат и сите правни и физички лица, сопственици или корисници на деловни објекти на подрачјето на општина Крива Паланка, дека  во услови на снежни врнежи  се должни веднаш  да го чистат  снегот и ледот пред нивните објекти  со цел да се обезбеди непречен пристап до истите.

Отстранувањето на снегот и ледот од јавните површини пред деловни  објекти претставува обврска  согласно членот 22 од Законот за јавна чистота и согласно Одлуката за комунален ред и нејзино спроведување на подрачјето на општината Крива Паланка.

Доколку  сопствениците или корисниците на деловните  објекти  не го исчистат снегот и ледот  пред нивните објекти, надлежните комунално редарски и  инспекциски служби ќе ги превземат соодветните предвидени законски мерки.

 

Големина на фонт
Контраст