ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ КАНДИДАТИ ЗА БАДНИКАРСКИ КУМ

Почитувани граѓани,

Во духот на православната традиција и вековните обичаи, Општина Крива Паланка и Фондацијата „Со срце за Општина Крива Паланка“  ги повикуват сите заинтересирани граѓани да се пријават за учество во свечениот избор на бадникарски кум за 2026 година, по повод  Бадниковата прослава која ќе се одржи  на 6 јануари 2026 година,  на Градскиот плоштад.

Бадник е ден на сплотување,  радост и заедничко прославување,  а бадникарското кумство претставува огромна чест за целата заедница во празничните денови посветени на најголемите христијански празници-Бадник и Божиќ.

Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават кај:

  • Фондацијата „Со срце за Општина Крива Паланка“ на е-маил fondacijasosrcezakrivapalanka@gmail.com или на телефон 070/272-006 кај Жаклина Цветковска
    или
  • Општина Крива Паланка на е- маил lmitvoska@krivapalanka.gov.mk, кај Лидија Митовска, 075 368 077.

Пријавувањето може да се врши најдоцна до 05.01.2026 година.

Потребни податоци:

  • Име и презиме
  • Контакт/телефонски број.

Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од прекрасната традиција која не поврзува како заедница.                                                                                              

Со почит,
                                                                                             Општина Крива Паланка

Големина на фонт
Контраст