Врз Основа на член 62 став 10 од Законот за урбанистичко планирање („Сл.Весник на Р.С.М.“бр. 32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25 и 127/25), градоначалникот на Општина Крива Паланка го дава следното:
Изработката на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план на дел од КП 2751 во КО Метежево,Општина Крива Паланка, со намена А4-3 -Викенд куќи, ќе се одвива во рамките на следниот опфат:
-На северо-исток и исток се движи по североисточната и источната граница на КП 2751,
-На Југ границата на опфатот ја пресекува парцелата КП 2751,
-На Запад и Северозапад границата се движи по западната и северната граница на КП 2751
Проектниот опфат кој е предмет на уредување со урбанистички проект вон опфат на урбанистички план на дел од КП 2751 во КО Метежево,Општина Крива Паланка со намена А4-3 викенд куќи,со површина од 2941 м2(0.29 ха) и претставува земјиште на кое ќе се изградат објекти со намена А4-3, Викенд Куќи.
Проектната документација се изработува по програма на општината и прифатена иницијатива за изработка на урбанистичка документација од страна на комисијата за урбанизам на Општина Крива Паланка.
Јавниот увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план на дел од КП 2751 во КО Метежево,Општина Крива Паланка со намена А4-3 викенд куќи ќе се спроведе со објава на официјалната службена веб страна на Општина Крива Паланка www.krivapalanka.gov.mk.
Јавната анкета ќе трае 15 (петнаесет)работни дена од денот на објавувањето на Соопштението,започнувајќи од 30.12.2025 заклучно до 26.01.2026 година.
Во наведениот рок заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки,предлози и мислења на анкетни листови.
Пристигнатите забелешки ги разгледува комисијата за урбанизам во Општина Крива Паланка,која составува записник со образложение за прифаќање и неприфаќање на забелешките,а кој се објавива на службената веб страна на општината и му се испраќа на изработувачот на урбанистичкиот проект за да ги вгради во планско-проектната документација.
ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник,
Сашко Митовски





