Врз основа на член 39 став (1) од Законот за социјалната заштита („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.104/19, 146/19, 275/19, 302/20, 311/20, 163/21, 294/21, 99/22, 236/22, 65/23 и 192/25) и член 5 од Правилникот за утврдување на постапката и спроведување на активноста „Обезбедување можност за извршување на јавни работи од страна на корисници кои остваруваат права на парична помош од социјална заштита и социјално загрозени лица“ од Програмата за социјална, детска и здраствена заштита на Општина Крива Паланка со бр.08-6809/1 од 24.12.2025 година, а согласно со Програмата за социјална, детска и здравствена заштита за 2026 година со бр.09-6407/17 од 09.12.2025 година, Општина Крива Паланка објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЛИЦА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ЈАВНИ РАБОТИ КОИ СЕ ПРИМАТЕЛИ НА ГАРАНТИРАНА МИНИМАЛНА ПОМОШ И НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА СО ЖИВЕАЛИШТЕ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Општина Крива Паланка објавува Јавен повик за ангажирање на лица за извршување на јавни работи кои се приматели на гарантирана минимална помош и невработени лица со живеалиште на територијата на Општина Крива Паланка, а врз основа на Програмата за социјална, детска и здраствена заштита за 2026 година, донесена од страна на Советот на Општина Крива Паланка.
Општина Крива Паланка има потреба од ангажирање на 5 (пет) лица за извршување на јавни работи во времетраење од 6 (шест) месеци.
Ангажираните лица ќе спроведуваат јавни работи од типот на чистење на улици, локални патишта, патеки, скали, чистење на водотранспортни објекти, чистење на снег од јавни површини, отстранување на наноси и одрони, фарбање на комунална опрема, чистење на јавни објекти, поставување на опрема, собирање на отпад, чистење на депонии, подигање и одржување на зелени површини и други слични работи по потреба.
Општина Крива Паланка преку овие активности им помага на луѓето кои тешко се вклучуваат на пазарот на трудот, а овие активности се од интерес на целата локална заедница.
Право на учество на Јавниот повик имаат лицата кои ги исполнуваат следните услови:
-корисници на гарантирана минимална помош,
-невработени лица,
-жители на територијата на Општина Крива Паланка.
Временскиот период за ангажман на ангажираните лица ќе биде во времетраење од 6 (шест) месеци, а месечниот нето надоместок ќе изнесува 15.000,оо денари за секое ангажирано лице.
Потребни документи за учество на Јавниот повик:
-Барање/пријава;
-Изјава за давање согласност за користење и обработка на личните податоци;
-Доказ за живеалиште (фотокопија од лична карта);
-Решение издадено од ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи-Крива Паланка коe што докажува дека лицето користи право на гарантирана минимална помош;
-Потврда дека е невработено лице издадена од АВРСМ;
-Активна трансакциска сметка.
Заинтересираните кандидатите треба да ја достават барањето/пријавата со потребните документи во Архивата на Општина Крива Паланка, секој работен ден во период од 07:30 часот до 15:30 часот.
Рокот за поднесување на барања/пријави за учество на Јавниот повик ќе трае 5 (пет) дена, односно од 26.12.2025 година до 30.12.2025 година.
Изборот на пријавените кандидати ќе го спроведе Комисијата за избор на лица-корисници на гарантирана минимална помош и социјално загрозени невработени лица за вршење на јавни работи во Општина Крива Паланка формирана со Решение од страна на Градоначалникот на Општина Крива Паланка.
ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник,
Сашко Митовски




