Соопштение за организирање на јавна анкета и јавна презентација по втор пат за Детален Урбанистички План за дел од блок С-01 КО Крива Паланка Општина Крива Паланка

Врз основа на член 27 и 50 од Законот за урбанистичко планирање („Сл.весник на Р.С.М.“ бр.32/20,111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25 и 127/25) и член 23 од статутот на општината Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“ бр.8/10, 12/10,  8/14, 2/18, 3/19, 8/21, 01/23, 05/23, 14/23, 05/24 и 09/24), градоначалникот на општината Крива Паланка донесе

С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на јавна анкета и  јавна презентација  по втор пат за Детален Урбанистички План за дел од блок С-01 КО Крива Паланка Општина Крива Паланка

Јавната анкета по втор пат на горенаведениот план ќе се одржи од 09.01.2026 година до 26.01.2026 година секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот во просториите на Одделението за урбанизам и заштита на животната средина при општината Крива Паланка.

Детален Урбанистички План за дел од блок С-01 КО Крива Паланка Општина Крива Паланка ќе биде изложен на печатени плакати и соопштенија во и околу планскиот опфат и на информациските табли на општаната Крива Паланка, во информацискиот систем е-урбанизам и во просториите на општината Крива Паланка.

Јавната презентација по втор пат за Детален Урбанистички План за дел од блок С-01 КО Крива Паланка Општина Крива Паланка ќе се одржи на ден 14.01.2026 година со почеток во 11,00 часот во големата сала на општината Крива Паланка.

Планскиот опфат кое е предмет на уредување на Детален Урбанистички План за дел од блок С-01 КО Крива Паланка Општина Крива Паланка зафаќа површина од 3,10 ха и просторот за кој се работи ДУП го опфаќа делот од блок     С-01, со плански опфат кој е дефиниран со следниве граници:
-на северозапад по границите на наменската зона дефинирана со ГУП на Крива Паланка (Одлука бр. 09-4752/5 од 09.10.2023год.)
– на исток по осовина на регулираното корито на “Крива Река”
– на југ по осовина на регулираното корито на “Крива Река”.

Анкетните листови за учество во јавната анкета се наоѓаат во архивата на општината Крива Паланка и во горенаведениот рок заинтересираните правни и физички лица можат да достават писмени забелешки преку анкетните листови или забелешки во електронска форма преку информацискиот систем на е-урбанизам.

                                                                                      ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
                                                                                                   Градоначалник
                                                                                                 Сашко Митовски

ДУП С-01
АНКЕТЕН ЛИСТ

Големина на фонт
Контраст