Со цел воспоставување ред во користењето на јавните површини, како и обезбедување естетска кохерентност и унифицираност на рекламните табли од една страна, а од друга страна елиминирање на попречена прегледност во сообраќајот и почитување на законите и општинските одлуки за поставување рекламни табли и комунални такси, се известуваат правните и физичките лица кои вршат дејност, а кои веќе имаат поставено или имаат потреба од поставување реклами, објави и огласи на јавни места, дека се должни да достават до надлежните општински служби. Барање за добивање дозвола за поставување рекламни табли, огласи и објави, како и Пријава за регулирање на комуналната такса за истакнување реклами, огласи и објави на јавни места, со цел изработка на соодветните Решенија.
Рокот за регулирање на наведеното е до 30 декември 2025 година.
Во барањето и пријавата засегнатите правни и физички лица треба да ги наведат следните податоци:
- податоци за подносителот на барањето за поставување рекламни табли и сл.;
- локација или локации каде се бара да биде поставен натписот или рекламната табла, како и бројот на рекламни табли;
- површината/големината на таблата – димензии (во м²);
- временскиот период за кој ќе биде поставен натписот или рекламната табла
(до седум дена, до триесет дена или цела година); - видот на материјалот од кој е изработена таблата, огласот или објавата.
Во спротивно, правните и физичките лица кои вршат дејност ќе треба самите да ги отстранат поставените рекламни табли, огласи и објави до крајот на декември 2025 година.
Доколку истите не бидат отстранети од сопствениците, општината ќе организира нивно отстранување согласно законските прописи, на трошок на сопственикот.





