Општина Крива Паланка аплицираше на Јавниот повик на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објавен на ден 17.11. 2025 година за можност од ангажирање на евидентирани невработени лица со ниски квалификации во извршување на јавни работи од инфраструктурен карактер и заштита на животната средина на локално ниво. При тоа на општината од страна на АВРСМ е прифатено барањето и апликацијата за јавни работи за ангажирање на 12 лица од наведената целна група.
За реализација на Програмата за јавни работи е предвидена финансиска помош во износ од 800 денари дневно по работно ангажирано лице, со вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување настанати со повреда при вршењето на јавни работи.
Општината во оваа програмска мерка на агенцијата за вработување ќе учествува со 20% од дневниот надоместок.
Работното ангажирање ќе биде во време траење од 30 дена по четири ефективни часа дневно. Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на посебен договор.
На корисниците на парична помош за време траење на работното ангажирање на програмата за јавни работи ќе им биде активно правото за користење на парична помош.
Заинтересираните лица да се пријават во Центарот за вработување АВРСМ во Крива Паланка.
Подетални информации и пријавување на тел 075 236 557.




