Известување до граѓаните – Јавна консултација за регионалниот систем за управување со отпад

Почитувани, 

Ве известуваме дека во рамки на  Проектот ,,Подршка на имплементација на  регионалните системи  за управување со отпад  во Источниот и Североисточниот  регион (NEA SKP2022EA-RP/013) финансиран од Европската унија,  се организира  јавна консултација  за презентација на Регионалниот план  за управување со отпад ( РПУО) како и Стратегиска  оцена  на животната средина(СОЖС).

Јавната  консултација  за Општините Куманово , Крива Паланка и Липково  ќе се одржи на ден 27.11. 2025 година (четврток)  во салата за седници на општина Куманово т.н (Комитет) со почеток во 10:00 часот.

Јавните  консултации ќе вклучат :
-Презентација на  главните карактеристики и цели на Регионалниот систем за управување со отпад,
-Преглед на наодите и препораките од Стратегиската оцена за животна средина и
-Отворена дискусија, забелешки, предлози и мислења од засгнати страни, општини , здруженија, организација и граѓаните.

Целта на оваа  јавна  консултација  е да се обезбеди  транспарентност, запознавање и учество на јавноста  и вклучување  на мислењата  на локалната заедница во дизајнот и имплементацијата  на новиот регионален план и интегриран систем  за управување со отпад  во согласност со националните и европските еколошки цели.

Регионалниот план за управување со отпад ги утврдува  стратешките приоритети, инфраструктурата и потребните  активности  за одржливо управување со отпадот .

Стратегиската  оцена  ја оценува  потенцијалната еколошка импликација  на  предложениот  систем  и предлага мерки  за нивно ублажување и подобрување.

Засегнатите страни и заинтересираните граѓани  може да достават писмени  предлози на следниот линк: sene3@enviroplan.gr.

Сите добиени предлози ќе бидат разгледани и земени во предвид при финализирање на регионалниот систем за управување со отпад и Стратегискиот извештај за оцена на животната средина. Вашето учество е од суштинско значење за создавање почиста и поодржлива иднина

Проектот е финансиран од Европската Унија.

Големина на фонт
Контраст