Врз Основа на член 27 и член 50 од Законот за урбанистичко планирање („Сл.Весник на Р.С.М.“ бр.32/20,111/23,171/24,224/24 и 40/25) и член 23 од Статутот на Општина Крива Паланка („Службен гласник на Општина Крива Паланка“бр.8/10, 12/10,8/14,2/18,3/19,8/21,01/23, 05/23,14/23,05/24 и 09/24), градоначалникот на Општина Крива Паланка, донесе:
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање јавна анкета и јавна презентација за Детален урбанистички план за дел од блок Ј-12 КО Крива Паланка,Општина Крива Паланка (по втор пат)
Јавна анкета по горенаведениот план ќе се одржи од 21.11.2025 година до 10.12.2025 година, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот во просториите на Одделението за урбанизам и заштита на животнатасредина при Општина Крива Паланка.
Детален урбанистички план за дел од блок Ј-12 КО Крива Паланка – Општина Крива Паланка ќе биде изложен на печатени плакати и соопштенија во и околу планскиот опфат и на информативните табли на општината Крива Паланка, во информацискиот систем е-урбанизам и во просториите на Општина Крива Паланка.
Јавната презентација за Детален урбанистички план за дел од блок Ј-12 КО Крива Паланка – Општина Крива Паланка ќе се одржи на ден 10.12.2025 година со почеток во 11 часот во големата сала при Општина Крива Паланка.
Планскиот опфат кој е предмет на уредување на Детален урбанистички план за дел од блок Ј-12 КО Крива Паланка – Општина Крива Паланка зафаќа површина од 3,359 ха. и просторот за кој се работи ДУП го опфаќа делот од блок Ј-12, со плански опфат дефиниран со следниве граници:
– од север по границите на регулирано корито на „Мини дол Белево“
– на исток и југ се движи по постојна улица,односно ја сече КП 7825/2
– на запад по осовината на Градска магистрална улица А (дел од магистралниот пат А2 М2)
Анкетните листови за учество во јавната анкета се наоѓаат во архивата на Општина Крива Паланка и во горенаведениот период заинтересираните правни и физички лица можат достават писмени забелешки преку анкетните листови или забелешки во електронска форма преку информацискиот систем за е-урбанизам.
ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА
Градоначалник,
Сашко Митовски




