Крива Паланка го започнува процесот за Буџет 2026 – по мерка на граѓаните

Општина Крива Паланка го започнува процесот на подготовка на Буџетот за 2026 година, кој ќе се изработува во партнерство со граѓаните – транспарентно, отчетно и инклузивно.

Со цел да се овозможи што поголемо и директно вклучување на граѓаните и различните целни групи, општината вклучува  повеќе инклузивни и транспарентни процедури – алатки, преку кои, секој заинтересиран граѓанин може да даде свој придонес во креирањето на буџетот и тоа:

  • Релизација на буџетски форум.

Во рамките на партиципативниот процес, Општината ќе организира „Родово одговорен буџетски форум“ каде ќе се разгледуваат потребите и приоритетите на различни групи граѓани, со посебен фокус на родовата еднаквост и инклузивноста во распределбата на буџетските средства. На форумот може да земат учество сите заинтересирани граѓани, а датумот, часот и местото на одржување ќе бидат транспаретно објавени на општинската веб страница.

  • Онлајн анкета за доставување предлози.

Граѓаните можат да ги споделат своите идеи, предлози и приоритети за буџетот и по електронски пат, преку пополнување на онлајн анкетата, која  ќе биде  достапна на  линк, на веб страната на општината и

  • Отворени денови – „Недела на идеи и предлози за буџетот 2026“

-период: од 17-ти до 26-ти ноември 2025г. од 7,30ч. до 15,30ч. секој ден.
-место: Архива на општина.

Во текот на следната недела ќе се одржат отворени денови за соработка со граѓаните, каде што секој граѓанин ќе има можност лично да дојде и да ја даде својата идеја, проект  или потреба, во општинскиот услужен центар – архива на општината.

Ги повикуваме сите заинтересирани граѓани да ги искористат наведените алатки и да бидат дел во креирањето на буџетот за 2026 година, зошто секој еден предлог е важен чекор кон создавање подобра локална заедница и општина по мерка на граѓаните.

Линк за Анкета

Големина на фонт
Контраст