Општина Крива Паланка информира дека Јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на студентите запишани на додипломски студии од прв циклус со адреса на живеење на подрачјето на Општина Крива Паланка за набавка на дигитален уред за учебната/академска 2024 – 2025 година, кој беше објавен на 02.07.2025 година завршува денес

Општина Крива Паланка информира дека Јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на студентите запишани на додипломски студии од прв циклус со адреса на живеење на подрачјето на Општина Крива Паланка за набавка на дигитален уред за учебната/академска 2024 – 2025 година, кој беше објавен на 02.07.2025 година завршува денес.

За времетраењето на јавниот повик, сите заинтересирани студенти имаа можност да поднесат барања за надоместок на дел од трошоците за купени дигитални уреди согласно условите наведени во Јавниот повик.

Општина Крива Паланка ќе пристапи кон обработка на пристигнатите барања, а Комисијата за оценка ќе изготви предлог до Градоначалникот за донесување на решенија за исплата на финансиските средства на студентите кои ги исполнуваат сите предвидени услови.

Големина на фонт
Контраст