Честитка од градоначалникот по повод големите празници: Успение на Пресвета Богородица, Свети Јоаким Осоговски и Денот на рударите

Почитувани сограѓани,

По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, како и празникот на нашиот духовен заштитник Свети Јоаким Осоговски, градоначалникот на Општина Крива Паланка упатува срдечна честитка до сите граѓани, со желби за здравје, радост и духовен мир во секој дом.

„Нека Пресвета Богородица го осветли патот на секое семејство и нека го чува секој дом, а Свети Јоаким Осоговски – нашиот патрон и чувар – нека ни биде патеводител во добрината, мудроста и човечноста. Овие денови се силен потсетник на нашето заедништво, на корените што нè држат обединети и на вредностите што ги пренесуваме од генерација на генерација,“ – порача градоначалникот.

Во рамките на овие празнични денови, со особена чест и благодарност ја одбележуваме и славата на рударите – хероите на подземјето, чии труд, пожртвуваност и чесна работа се темел на економскиот развој и гордост на нашиот крај.

Нека празниците ни донесат сила, вера и надеж, а нашата заедница нека продолжи да расте во слога, просперитет и благосостојба.

Градоначалник на Општина Крива Паланка,
Сашко Митовски.

Големина на фонт
Контраст